Ќе им се наложи на Македонците да ја објективизираат својата историја при преговорите со ЕУ

Николаj Василев
Николаj Василев

Ако клаузулите на договорот за добрососедство и пријателство потпишан меѓу Бугарија и Македонија на 1-ви август 2017 година „оживеат“, тој ќе стане еден од најголемите триумфи на бугарската дипломатија, подеднакво со Соединението, Независноста, Лондонскиот договор за мир и Враќањето на Јужна Добруџа.

Сè уште сме далеку од неговата реализација. Гробовите на полковниците Константин Каварналиев и Стефан Илиев, како и на војводите Тома Давидов и Христо Чернопеев остануваат поругани.

Но, сепак на заедничката прослава на Илинден во Благоевград оваа година, Зоран Заев беше првиот македонскиот премиер кој го изговори терминот „Илинденско-Преображенско востание“. Кога се врати во својата земја, веројатно за да се оправда пред своите сонародници, тој изјави во емисијата „Отворено студио“ на Македонската телевизија дека „Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. “

По тој повод македонскиот новинар Виктор Канзуров напиша:

„Ако, во 2018 година, сѐ уште има луѓе во Македонија, кои се мнозинство од населението, а не им е јасно, не сакаат да им е јасно, или, немаат, интелектуален и/или морален капацитет, да сфатат, какво било Илинденското востание, какви му биле идеалите и која етничка група го кренала, та премиерот Заев е принуден вака да се глупира (се извинувам, но не можам да најдам помек израз!), додворувајќи се на разбирање, чие потекло води од една подмолна лага и индоктринација, од времето на југокомунизмот, тогаш, на оваа држава и на нејзиниот мнозински идентитет, со сиот нивен ексклузивизам, отфрлање и/или мразење на другите, не им требаат душмани, самите се уништуваат, колку, некој, од страна, и да сака да им помогне.Нема никаква грешка, ако се каже дека Илинденското востание е (и) македонско, во регионална смисла (како што е и тракиско), но, тука, јасно е дека Заев мисли на „македонско“, како на „небугарско“.

Треба ли меѓуота да му се лутиме на Заев дека тој се сообразува долго напластуваните разбирања? Или треба да и помогнеме на Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ?

Едвај има сомнение дека главниот мотив на сегашната македонска влада да го потпише Договорот за добрососедство и да се согласи на заеднички прослави е нејзината желба Македонија да биде примена во ЕУ и НАТО.

Во наш интерес ли е да и помогнеме?

Во самата Бугарија се наоѓаат остри критичари на смислата да и помагаме на Македонија да стане членка на овие организации.

По тој повод познатиот новинар Кеворк Кеворкјан напиша цел излив користејќи таков одвратен јазик на омраза, каков што цивилизираните државници одамна не го користат кон народите на нивните противници, дури и за време на војна:

„Чудесен иден другар во ЕУ. А ние му се радуваме. Македонците се држат како развеселени жени, вечно незаситни. Нивниот апетит не може да биде задоволен, без разлика колку и да се обидуваме. Со нив може да се разговара само на еден начин: „Не ми кажувај што сакаш, туку кажи, што даваш? И ќе си ги затворите ли на крајот големите усти – или ќе не колвете со вашата лакомија, парче по парче? “

Нема кој да ги праша така.

Така или поинаку, можеме само да си претпостауваме со какви репарации ќе нè натоварат Македонците. Сигурно ќе не растоварат од голем дел од нашата историја – и ќе ја земат за сопствена употреба, засекогаш. Потоа ќе побараат нивното „македонско“ малцинство тука да има специјален статус. И така тие ќе постигнат многу повеќе отколку што нивните србомани успеале да постигнат за 100 години „.

Само што во една следна реченица во својот коментар Кеворкјан го издава своето кредо: „Нашите будали си вообразуваат дека е голема среќа да бидат ратаите, кои ќе се напрегаат да ја истеглат Македонија кон НАТО.“

Пораката е јасна.  Во ЕУ и во НАТО, ние сме ратаите. Тоа не е нашата заедница. Не ни е местото таму. Ако влеазат во тие организации дури и Македонците, ќе бидат повеќе прифатени како свои. Нивните барања, а не нашите, ќе се слушаат … Кеворкјан не уточнува каде е нашето место. Но, повикува да работиме на блокирање на приемот на Македонците во овие организации.

Тоа заигрување со длабокиот комплекс на многу Бугари – „Европејци сме, ама не сосема“ цели да попречиме на нешто што не се случило во последните 140 години. Ние и Македонците да бидеме во една заедница и да живееме при еднакви услови.

Кога Бугарија се радува на неочекуван подем во првите децении по ослободувањето, Македонија трпи отомански зулуми. Кога Бугарија се опоравува по војните, Македонија е под тешка српска окупација. Кога Бугарија дегенерира зад Железната завеса, во рамките на Југославија, Македонија се радува на незапамтен стандард на живот. Кога Бугарија сéпак успева да се интегрира во ЕУ и НАТО, Македонија тоне во т.н. „Западен Балкан“ …

Освен ако не сме подложни на суеверието, дека ако Македонија влезе во ЕУ и НАТО, ние ќе излеземе од него, приемот на Македонија во овие организации е наш стратешки интерес.

Прашањето поставено од Кеворкјан – искрен сојузник ли ќе ни е Македонија, ако стане членка на ЕУ и НАТО – е навистина актуелно.

Според познатиот новинар Македонците ќе останат засекогаш анти-бугарски настроени. Но не кажува зошто потомците на илинденци ќе бидат обречени да бидат следбеници на делото на „нивните србомани“.

Важно е да разбереме зошто дебугаризацијата на Македонците беше толку успешна и зошто претежно маргинали ја запазија своjата бугарската самосвест. Лесно е да ги обвинуваме само Сталин, Тито, Димитров, итн , Но зошто по 27 години независност, македонскиот премиер сеуште е принуден „да се глупира“?

Зарем Заев не знае дека таткото на идејата за – според зборовите на режисерот Дарко Митревски – спасително извлекување на Македонците од бугарското етно-национално ткиво – Крсте Мисирков пишува во неговата знаменителна брошура „За македонцките работи“: „Може ли да не е уште јасно дека ако се задоволат барањата на комитето Македонија на вистина ќе се покаже бугарска? „Како и дека „бугарската боја на движењето е главната причина за неуспехот?“

Се разбира дека знае. Но знае дека ако го прогласи Илинденското востание за бугарско, најверојатно, ќе остане без гласачи.

Бугарската дипломатија треба да си даде јасна сметка зошто е така и како овој поглед на мнозинството современи Македонци може да се промени.

Треба да разбереме дека за постарите македонски избирачи Бугарија се асоцира со режимот на Тодор Живков, кога земјата, погледната дури и од комунистичка Југославија изгледаше како затвор. Треба да сме свесни дека дури и денес, гледано од Скопје Бугарија изгледа како земјата на Митјо Очите, како место каде луѓето не се љубезни, каде услужувањето продолжува да е лошо … Без ова сознание нема да направиме ниту чекор напред.

Политиката понудена од Кеворк Кеворкјан, од Велизар Енчев и слични, би имала катастрофален ефект. Но, Договорот за добрососедство и пријателство нема да оживее додека Бугарија не се претвори во типичен претставник на земја членка на ЕУ и на НАТО. Зашто, дури и погледнато од Скопје, нашето членство се рагледува по-скоро како аномалија!

Додека Македонците не посакаат да живеат со нас и како нас, ниеден доказ за нашата заедничка историја нема да го променат нивното мислење и ќе продолжат да се глупираат!

Глупаво е да го напаѓаме Заев за тоа дека уште не почнал да води очаен крстоносен поход против напластените лаги, измами и фалсификати во историјата, на кои учениците ги учат во Македонија. И ние имаме многу за преосмислување. Но,  не може и да се помируваме со тие практики. Од сега треба да биде јасно дека Македонија нема да го затвори поглавјето „Образование“ во преговорите за пристапување во ЕУ без објективизирање на историјата. Не очекува, не резок пресврт, туку долго целенасочено усилие. Политиката на Бугарската вада кон Македонија е во принцип правилна и далекувидна. Важно е бугарските медиуми да станат достапни за пошироките општествени слоеви. Треба да ги поддржуваме барањата на организациите на македонските Бугари да се вклучат во историските комисии, да учествуваат во заедничките прослави, со еден збор, да излезат од сенките на општеството, за да ја добијат својата видливост. Да го добијат легитимното право да учествуваат во македонскиот политички живот.Без тие да станат видлив фактор во македонската јавна дебата, нема да има пресврт на јавното мислење кон Бугарија. Но и ние треба да го промениме својот пристап. Непродуктивно е да тврдиме дека Македонија е бугарска! Подобро е да им покажеме дека Бугарија е нивна.

Секако, ако сакаме овие политики да дадат плод, Бугарија треба да се промени и тоа значително. Само тогаш, Договорот за добрососедство и пријателство ќе се претвори во еден од најголемите триумфи на бугарската дипломатија!

–––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO