„Ја поддржувам, а тоа е мојата политика, поделбата со Албанците. Да има територија кон која не е познато кој како ќе се однесува и на што припаѓа секогаш е извор на потенцијален конфликт“, изјави српскиот претседател Вучиќ пред новинарите во град Шид.

Тој додаде дека не може да зборува за тоа што преговара со косовските Албанци, бидејќи ќе ги открие картите на Србија во преговарите.

Вучиќ, исто така, објасни дека договорот помеѓу Белград и Приштина ќе биде сеопфатен пакет, а не едноставен, како што некои си го претставуваат.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO