Претседателот на Полска Анджеј Дуда најави дека ќе воведе вето на новиот полски закон за изборите за Европскиот парламент конципран да ги блокира малите партии, а значително да ја зајакне владејачката партија Право и правда. Полскиот претседател изјави дека со новиот закон изборниот праг за влез во Европарламентот ќе се зголеми на 12 насто од сегашните 5 проценти со што им се оневозможува на малите партии да добијат европратеници.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO