Хрватскиот напаѓач на Милан Никола Калиниќ премина во Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб платил 15 милиони евра за напаѓачот, соопштува Sky Sports Italia.

„Росонерите“ одлучија да го продадат 30-годишниот Калиниќ, откако си ги обезбедија услугите на Гонзало Игуаин.

За време на Мундијалот во Русија Калиниќ не успеа да ја почувствува радоста од пласманот во финалето и сребрените медали. Тој беше избркан од таборот на хрватскиот тим поради неговото одбивање да влезе на теренот како резерва во натпреварот против Нигерија во групната фаза. Селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ воопшто не се колебаше и го протера Калиниќ само четири дена по почетокот на Светското првенство. Хрватот беше трансфериран во Милано во август минатата година од Фиорентина.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO