САД воведуваат царини од 25 % на увезена кинеска стока, овој пат во вредност од 16 милијарди долари. Наплатата на царините треба да почне на 23 август на производи од новиот список како што се парни машини и носачи на големи конструкции, згради и мостови.

Новите царини се додаток на порано воведените на 6 јули во висина од 25 насто на кинеска стока во вредност од 34 милијарди долари. Во царинската војна на двете најголеми економии во светот Кина возврати со иста мера и ги зголеми царините на американски производи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO