Не прифаќаме поуки од партија која ги предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската агенција „Фокус“, во одговор на прашањето како ќе го коментира повикот на лидерот на БСП Корнелија Нинова кон премиерот Бојко Борисов да реагира на изјавата на Зоран Заев дека Илинденско-Преображенското востание е македонско.

Еве што изјави министерката Захариева за агенцијата „Фокус“:
„Го прочитав повикот на г-ѓа Корнелија Нинова кон Премиерот веднаш да ги одбрани бугарските национални интереси од Премиерот
Зоран Заев, кој ги тестира кревките темели на добрососедство.

Да, Илинденското востание географски може да биде наречено и македонско, и тракиско, но историски е бугарско. Само пред неколку дена премиерот Зоран Заев оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Благоевград, каде што за време на целата прослава беше потенциран бугарскиот карактер на Илинденското востание за ослободување на Македонија и Тракија.

Госпоѓо Нинова, бидете спокојна, Владата се грижи за заштита на националните интереси.
Благодарение на нашата работа Република Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе започне преговори со Европската Унија, а бугарското знаме може спокојно да се вее во Скопје, додека звучи бугарската химна како што се случи на фестивалот „One Love“.

Не прифаќаме поуки како треба да се бранат националните интереси од партија која во 1946 година ги предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија. Истата партија-држава го менуваше насилно идентитетот на сопствените граѓани и ги тераше да се пишуваат Македонци.

Политиката на противење е демоде. Со овие изјави само може да се изгубат избори. Прашајте го Груевски! „

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO