Расадници за елки во Белгија и други земји во Северна Европа се сериозно погодени од сушата и невообичаено високите температури во текот на летните месеци, предупредуваат сопствениците.

„Загубите се огромни, имаме расадници во кои 15-20%, а во некои и до 30% од овие дрвја загинале или се ситни и пожолтени, тие пораснаа во пролет, а потоа се исушија“, рече еден извор на расадник од белгиските Ардени, каде се одгледуваат 85% од божиќните елки.

„Ако не падне дожд во наредните три до четири недели, можеме да претпоставиме дека 10 до 15% од стоката што треба да се продаде оваа година, нема да бидаат продадени, бидејќи се мртви дрвјата или бидејќи не изгледаат добро“, рече тој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO