Григор Димитров го започна учеството на турнирот на тврда подлога во Торонто со тешка победа над Шпанецот Фернандо Вердаско. Во дуел од вториот круг бугарскиот прв рекет го победи 34-годишниот Вердаско со 4-6, 6-2, 7-6 (7-5) по два часа и 34 минути игра.

Средбата беше прекината неколку пати поради дождот. Григор оваа година на два пати загуби од истиот ривал, но сега направи делумен реванш за поразите од него во Индијан Велс и Ролан Гарос. Резултатот во натпреварите помеѓу Димитров и Вердаско сега е изедначен – 3-3. Во следниот круг на Мастерсот ривал на Гришо ќе биде Милош Раониќ или 20-годишниот Американец Френсис Тиафо.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO