Фејсбук ќе jа интегрира директно во социјалната мрежа мобилната апликација, Facebook Dating. Конечната верзија сѐ уште не е подготвена, бидејќи се потребни дополнителни тестови од програмери. Во овој момент, само вработените во Фејсбук можат да ја користат алатката, но во рок од неколку недели таа ќе биде достапна за сите корисници.

Новата онлајн функција ќе биде првенствено за луѓе кои се во потрага по сериозна врска и ќе имаат корист од огромното количество податоци, што Фејсбук ги има за сите корисници.

Facebook Dating ќе ги покажува само профилите на луѓе, кои исто така ја користат оваа функција. Досегашната и појдовната кореспонденција нема да се објавува на ѕидот на профилите. Ако сакате пријателитe да ја видат вашата комуникација во Facebook Dating, можете да ја додадете во секое време на ѕидот.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO