Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров се искачи со една позиција во светската ранглиста и од денес веќе е под број 5 со актив од 4610 поени. Иако не учествувал на турнир од Вимблдон досега, Димитров го надмина Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кој од своја страна се спушти на шестата позиција со 4 355 поени. Во текот на изминатата недела 203-сантиметри високиот тенисер го пропушти турнирот во Вашингтон и така не успеа да ги одбрани поените заработени минатата година, кога  стигна до финалето на турнирот.

Тоа е и единствената промена во топ 10, каде прв останува Рафаел Надал со 9310 поени, следен од Роџер Федерер со 7080, Александар Зверев со 5665 и Хуан Мартин дел Потро со 5455, Марин Чилиќ со 3905 поени, Доминик Тим со 3665, Џон Иснер со 3490 и Новак Ѓоковиќ со 3355.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO