Милан ја победи Барселона со 1-0 со доцен гол во натпревар на Интернационалниот куп на Шампионите. Натпреварот се одигра на ʺЛивајс Стејдиамʺ  во Санта Клара. Единствениот гол беше постигнат од португалецот Андре Силва, во 93-тата минута.

Милан го постигна првиот целосен успех на турнирот и има четири поени од три натпревари. Барселона останува без победа. Во првиот круг, Каталонците го совладаа Тотенхем по изведувањето на пенали, за што освоија само еден бод.

Во друг натпревар од турнирот, Реал Мадрид го порази Јувентус со 3: 1 на стадионот ʺФедЕкс Фијлдʺ во Лендовер (САД). Италијанскиот тим поведе благодарение на автоголот на Дани Карвахол во 12-тата минута, а Гарет Бјај изедначи со прецизен удар со леват нога од границата на шеснаесетникот во 39-тата минута. Веднаш по паузата, Реал го поведе со голот на Марко Асенсио по асистенција на дебитантот во составот на „белиот балет“ Виннсиус Жуниор. Повторно, Асенсио го оформи конечниот резултат 3: 1 во 56. минута. На 8 август, Реал ќе игра со Рома.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO