Речиси 1.500 Филипинки истовремено ги доеја своите деца на отворено, за време на собитие организирано од владата, чија цел е привлекување на вниманието на јавноста за смртноста кај децата, соопшти АФП.

Некои од мајките носеа тијари и маици со суперхерои додека ги доеја своите бебиња на тревникот на националниот стадион во Манила под звуците на смирувачка музика.

Настанот, кој стана традиција, има за цел да го насочи вниманието на јавноста и поддршката на владината иницијатива за охрабрување на мајките да ги дојат своите деца, наместо да користат вештачко млеко.

Според Светската здравствена организација и Детскиот фонд на ОН, препорачливо е децата да се дојат уште во првиот час по нивното раѓање и најмалку до нивната 6 месечна возраст. На глобално ниво, 3 од 5 бебиња не се дојат, ставајќи го на тој начин нивното здравје во ризик, бидејќи мајчиното млеко содржи супстанции корисни за имунолошкиот систем на децата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO