Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перес објави дека единствената шанса халфот на тимот Лука Модриќ да го напушти клубот е, ако некој ја плати откупната клаузула во неговиот договор, кој е во вредност од 750 милиони евра.

Во последните денови се поусилено се зборува дека Интер е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, а според различни извори самиот Модриќ исто така има желба да ја смени клупската припадност. Перес изјави дека нема шанси кралскиот клуб да се раздели со вториот основен фудбалер, откако претходно во текот на летото, Кристијано Роналдо премина во Јувентус. „Единствената можност Модриќ да замине е ако некој плати 750 милиони евра“, отсече Перес пред ʺМаркаʺ.

На овој начин Интер ја губи и втората основна трансферна цел за средниот ред, откако полудефанзивецот на Баерн Минхен Артуро Видал ја избра Барселона пред „нероазурите“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO