Екипите на Баерн Минхен и Барселона постигнаа договор за трансферот на полудефанзивецот Артуро Видал на „Ноу Камп“.

Чилеанскиот фудбалер ќе потпише договор за три години со каталонците, а според медиумите ќе добива по 9 милиони евра по сезона. Шпанските шампиони ќе платат 20 милиони евра на Баварците за нивниот играч. Видал играше вкупно 124 натпревари за Баерн, во кој постигна 22 гола и направи 17 асистенции. „Во име на клубот сакам да му се заблагодарам на Артуро за овие три прекрасни години. За време на овој период освоивме многу трофеи за кои направи значаен придонес. Тој секогаш беше на ниво во важните натпревари и можевме да сметаме на него „, изјави баварскиот претседател Карл-Хајнц Румениге. 31-годишниот фудбалер, исто така, изрази благодарност до Баерн. „Им благодарам на клубот и на сите навивачи. Се насладував вистински на моето време во Минхен. Му благодарам на клубот што ми даде шанса да преземам еден нов предизвик во лицето на Барселона „.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO