Бритни Спирс најде време во нејзиниот натоварен распоред за да ги посети најпознатите лондонски туристички атракции. 36-годишната поп-принцеза била забележана на прошетка кај Бакингемската палата, во придружба на нејзините синови, 12-годишниот Шон и 11-годишниот Џејдан.

За туристичката обиколка Бритни избра кратко жолто летно здолниште и кожени чизми. Таа изгледаше прилично свежо со косата врзана на опашка и со лесна шминка, соопштува „Дејли мејл“.

Бритни е во Велика Британија за да учествува на музичкиот фестивал Брајтон овој викенд. Настанот е првата станица на нејзината меѓународна турнеја „Дел од мене“. Во Брајтон, пејачката се враќа за прв пат по 2011 година, кога беше концертот од нејзината турнеја „Фатална жена“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO