„Сите меѓуетнички конфликти во Македонија беа од еден и ист центар. Белград ја разигруваше таа игра во Македонија за меѓуетнички конфликт“, кажа уште Ризински, додавајќи дека Србија се надевала на преседан за поделба на Косово на српски и албански дел. Тоа го коментираше потпретседателот на Бугарскиот Културен Клуб-Скопjе (БККС) во интервjу за Bulgaria ON AIR со водечкиот новинар Ганиела Ангелова.

Според Ризински, интересот на Русија пак во овој регион е да не биде дел од НАТО. Влегувањето на Македонија во НАТО ги намалува можностите за етнички конфликт на Балканот, рече тој.

Референдумот за името на Македонија е консултативен и е внатрешно политичко прашање, посочи гостинот на Bulgaria ON AIR. Според него, премиерот Зоран Заев сака да го легитимира договорот меѓу Грција и Македонија.

Мирослав Рижински не ја отфрли можноста за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, кој категорично одбива да го ратификува договорот за името на Македонија.

Во продолжение Мирослав Ризински коментираше за новоформираните историски комисии согласно Договорот за добрососедство, како и очекуваните резултати од него.

Целото интервjу на Мирослав Ризински со водечкиот новинар Ганиела Ангелова за Bulgaria ON AIR може да го проследите тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO