Само во последните пет години бројот на Русите со прекумерна тежина е зголемен за 30%, пренесува РИА „Новости“.

Научни истражувања докажуваат дека дебелината е водечка причина за 12 видови рак што особено загрижува експертите од Министерството за здравство на Руската Федерација.

Процентот на Русите со дијагноза „дебели“ е веќе 1,3% од населението или 1,9 милиони лица. Само за периодот 2016-2017 нивниот број се зголеми за 6%.

Меѓу децата и младите до 18 години дебели се цели 5,3% или 451 илјади лица.

„Ние речиси се приближуваме (до американските вредности). За жал, во нашата земја нивоата на дебелина кај мажите и жените речиси изедначија. Претходно, процентот на дебели жени беше поголем“, рече ендокринологот Екатерина Шеремева.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO