Црногорската влада одлучи да понуди концесија за аеродромите во земјата и поканата наскоро ќе биде издадена на сите заинтересирани страни, рече министерот за транспорт, Осман Нурковиќ.

Планот е за аеродромите во Подгорица и Тиват да бидат доделени на концесија од 25 до 30 години.

Нурковиќ изјави за Вести дека владата сака да го подобри потенцијалот на аеродромите, бидејќи моменталната ситуација не ги задоволува потребите на земјата и нејзините граѓани.

Весникот истакнува дека повеќето аеродроми во регионот се на концесија – од Љубљана до Загреб и Скопје, а на пролет беше потпишан таков договор за аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO