Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин синоќа пристигна во Милано и потврди пред новинарите дека ќе потпише договор со Милан.

„Се чувствувам одлично, во четвртокот ќе поминам медицинските прегледи и се надевам да склучам договор. Сакам да ги поздравам навивачите на Милан, но исто така и да им се заблагодарам на навивачите на Јувентус за поддршката во текот на две години, во кои бевме заедно. Се надевам во новата сезона со Милан да стигнам до највисоките врвови „, коментира Аргентинецот.

Според медиумите, трансферот на Игуаин е дел од договор, според кој дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи ќе се врати во својот поранешен тим, а кон Милано освен Игуаин ќе го земе и централниот дефанзивец на „бјанконерите“ Матија Калдара. Во летото 2016 година, Јувентус му плати Наполи 105 милиони евра за Игуаин. За две години постигна 55 гола во 105 натпревари.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO