Илинден, 2 август! Датумот е историски, но тој е исполнет со многу слоеви кои се читаат поинаку од двете страни на Осогово. Илинденско-Преображенско востание, АСНОМ, билатерален договор со Бугарија, сите овие настани се случуваат на 2-ри август, случајно или не!

Всушност, не! Но, додека првиот и последниот собитиjа се добро познати, за нив може да се читаат томови, второто не е многу широко обнародено од разбирливи причини – тоа е поврзано со  змислувањето на т.нар. македонски јазик, феномен кој нема аналог во лингвистиката. Кратка историја: на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчински“ се создава Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) што jа прокламира Вардарска Македонија за составна федерална единица на Југославија и донесува одлука за основање на „македонски литературен јазик“. Од 27 ноември до 3 декември 1944 година во Скопје се состанува конференција на jазичната комисија за основање на „македонска азбука“ и „македонски литературен јазик“.

Поради неможноста Бугарија да го постигне своето национално обединување во дваесеттиот век и заради наложената емиграција на населението во минатото после различни војни, бугарскиот јазик има рекорден број обиди за писмено-регионални кодификации – шест. „Плурицентричен јазик“ е јазик со повеќе од една пишана норма. Од нив, три се во Грција: „абецедарниот“ обид од 1925 година, „егејско-македонскиот“ од 1953 и „помашкиот“ од 1995-1996 година.

Една кодификација (без оглед на книжевно-бугарската) е извршена во унгарски (станал тогаш романски) Банат. Една кодификација во 30-те години на 2о век е извршена во Советска Украина, а по завршувањето на Втората светска војна и во Македонија (поранешна Титова Југославија). Од овие шест кодификации, три (две во Грција – „абецедарската“ и „помашката“ и една во Банат) се направени врз основа на дијалекти и три (во егејскиот дел на Грција, во Република Македонија и во Украина) врз основа на книжевниот бугарски јазик.

Во последните три случаи, тоа всушност не е примарна кодификација, туку ре-кодификација, или (пре)кодифицирање на веќе создаден (уште во време на преродбата) и долго користен литературен Бугарски јазик. Дијалектните (или пошироко регионалните) особености во скопската варијанта се дополнително наслагани потоа, за да се создаде измамнички впечаток дека „кодификацијата“ е извршена врз некаква дијалектна база, односно да го претстави процесот како „нормален“, како и во случајот со книжевните форми на другите природни јазици. Тоа прекодифицирање би се дефинирала како „кодификација на кодификацијата“. Акцентот тука ќе го поставиме на:

  • Вардарско-македонската прекодификациjа: 
  • Современиот литературен јазик во Македонија врз основа ба многувековниот литературниот бугарски јазик коj се развивал многу векови, започнал од Златниот IX  в. на Симеонова Бугарија и достигнал до денес. Над бугарскиот јазик во Македонија дополнително се наслагани некои типични регионални специфичности само да го видоизменат донекаде оригиналниот изглед. Многуте лексични србизми во административниот, публицистичкиот и научниот стил при прекодификациjата се вообичаени позајмици, т.е. слични елементи се наоѓаат и во било кој друг јазик во светот. Дополнително наслаганите регионализми кај скопското прекодифицирање jа подлажа светската (вклучувајќи и бугарската) славистика да се бара дијалектна база на идиомот во Македонија, во која се прави обид да се побараат западнобугарски особености.

Првата јазична комисија во Македонија во 1944 година всушност го направи она што Крсте Мисирков го стори во 1903 година во својата брошура „За македонцките работи“ – делумно и многу брзо го деконструирала постоечкиот бугарски литературен јазик. Исто како каj Кр. Мисирков, преку дополнителната стилизација, се проѕира бугарската книжевна норма, така и во говорите на секој член од Комисијата таа е многу jасна.

Еве и некои извадоци од народниот бугарскиот јазик со некои западни обележја на учесниците на конференцијата, искрено признавајќи дека до тоj момент немало никаков литературен македонски јазик, а камо ли историја на јазикот; дека треба да се внимава повеќе, да се направи за да не бидат допуштени политички грешки во однос на Србија и Федерацијата; дека преродбениците всушност пишувале на тогашниот бугарски литературен јазик; дека е неопходно да се мисли на заеднички југословенски јазик (?!); дека наречието – основа на литературниот јазик – треба допрва да се разбере со изнесување на референци и сл.

а) Е. Попандонов: „Ние требе денеска да ги положиме основите на нашата писменост и на нашата книжевност, установаеjки македонска азбука и македонски литературен jазик…разбира се да вклучиме и интересите на целата заедница во коjа се наоѓаме, интересите на федеративна и демократска Jугославиjа. Jас од това место сакам да ве поканам да викнеме: „Да е жив Тито“(викане Да е жив). „Да е жива Комунистическата партиа…(Да е жива!) (стр. 1 – 2).

б) Р. Зографски: „Според мене, по-арно да направиме некоjа граматичка грешка, отколку да направиме некоjа политичка грешка.“ (стр. 29)

в) Бл. Конески: „Ако jа земеме српската кирилица, пак нашиот jазик ке си остане македонски. Па ништо пак нема да се допринесе ако сакаме и со азбуката да подцъртаме разликата меѓу нас и сърбите.“ (стр. 29 – 30)

д) В. Илиев: „Ништо не ни пречи, никакви чувства не ни пречат од братската сърпска азбука да земеме љ и њ.“ (стр. 36)

е) Г. Киселинов: „Литературниот jазик го прават литераторите и журналистите, а филолозите имат само да установат формите на jазикот. Ама денеска ако сакаме да земеме едно наречjе од нашиот jазик како литературен jазик, немаме време да чекаме да се прави тоj jазик. Ние сме исправени пред вопросот да имаме литературен jазик, а немаме време и не можеме да чекаме тоj jазик да го направат поети, книжевници и журналисти.“ (стр. 3)

ж) Круме Тошески: „Наjубаво ḱе биде, ако можеме да наjдеме нешто средно, може не много научно, ама со мера и практично.“ (стр. 35).

з) Бл. Конески: „Се рече централното наречjе да се земе како основа за македонскиот литературен jазик. Jас сметам дека това наречjе треба да се обjасни, ако се не определи географски каде се говори това наречjе. Jас сметам оти не може да се определи нито по (jусот), нито по Ъ (ер голем). Затова предлагам еден реферат да се изнесе за главните особености на това наречjе. Без това не можеме да го определиме.“ (стр. 22-23).

Новиот „јазик“ во крајна сметка не се разликува од стариот, кој е негова основа. Овој заклучок е во хармонија со заклучокот на светски познатиот балканист Густав Ваjганд, коj напишал посебнo поглавjе за прашањето, насловена сосема точно „Македонскиот бугарски јазик“ во познатиот труд за Македонија:

„Која и област на јазикот да jа разгледаме, сосема е јасно дека тоа е бугарски, а не српски. Сите обиди на српските шовинисти да го прикажат македонскиот јазик како српски дијалект или како мешан јазик со неопределен карактер, се без плод“.


Автор: Доц. д-р Ана Кочева

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO