1907 година загинува Панталеј Јанаков Наков, познат како Пандо Кљашев, бугарски револуционер, војвода на Внатрешната Македоно-одринска револуционерна организациjа.

Пандо Кљашев е роден во големото костурско село Смрдеш, тогаш во Отоманската империја, денес Кристалопиги, Грција. Од 1896 до 1899 година учи во Солунската бугарската гимназија во Солун и од 1899 до 1900 година во Битолската бугарска класична машка гимназија. На крајот од 1898 година, Кљашев влегува во Револуционерното братство, а по неговото распаѓање се приклучува на ВМОРО. Една година учителствува во неговото родно село Смрдеш, а во јули 1901 година влегува во четата на Марко Лерински.

Кљашев учествува како делегат од Костурскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ.

За време на Илинденското востание во 1903 година, бил член на Костурското горско началство и учествувал во нападот на турската војска кај селото Вишни и ослободувањето на градовите Клисура и Невеска. Обединетите костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев, Никола Андреев и Манол Розов jа преземаат Клисура.

По востанието доаѓа во Бугарија, а во пролетта 1904 повторно влегува со чета во Костурско. Во меѓувреме, тој влегува во Привремениот комитет на Борис Сарафов во Софија. Во 1906 година бил избран за член на Битолскиот револуционерен комитет.

Пандо Кљашев загинува со целата своја чета на 31 јули 1907 година во битка со турските војски во близина на селото Дреновени (денес Кранионас), Костурско. Со него загинуваат Никола Михов, Лазар Палчев од Врбник, Петар Кљанев, Нумо Марковски од Косинец и Васил Хаџипавлов од Желево.

На споменикот “ Паднали за свободата на Македония “ во Ќустендил го има и името на Кљашев (11-ти во првата колона).

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO