Стапката на невработеност во ЕУ и во еврозоната е на најниско ниво во текот на изминатите 10 години, од почетокот на глобалната економска криза, соопшти статистичкото биро на Еуростат.

Според дописникот на МИА во Брисел во јуни 2018 година, стапката на невработеност во ЕУ изнесува 6,9%. Во истиот месец минатата година изнесуваше 7,6%.

Земјите со најниска стапка на невработеност се Чешка со 2,4% и Германија со 3,4%, додека највисока невработеност има во Грција – 20,2% и Шпанија – 15,2%.

Што се однесува до невработеноста меѓу младите под 25-годишна возраст, таа била 15,2% во текот на минатиот месец, додека во јуни 2017 година таа била 16,8%.

Во Бугарија, стапката на невработеност во февруари 2018 година изнесуваше 5,3%.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO