1947 година, умира Лука Георгиев Групчев со псевдоними Аспарух и Соломон, бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Роден е во 1874 година во Охрид. Припаѓа на големиот род Групчеви (Групче). Завршува гимназија во Софија, по што е учител во Охрид и главен учител во Ресен. Од 1903 година е нелегален. Тој за кратко е четник кај Тома Давидов. Делегат на Смилевскиот конгрес на ВМРО како еден од претставниците на охридскиот регион, каде што е избран за член на Охридското горско началство. Секретар е на четата на Јаким Алулов, а подоцна станува самостоен војвода во Струшки Драмкол за време на Илинденското востание.

По востанието, се повлекува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија, каде што работи како секретар на Третата Женска Гимназија во Софија. Во 1904 година е вклучен во Задграничното претставителство на ВМОРО.

На почетокот на Балканската војна во 1912 година, тој е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во Нестроевата рота на 9-та Велешка дружина. Награден е со сребрен медал. За време на Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година, Групчев  влегува во времената управа на Охрид.

Во 1938-1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев, е член на редакцискиот комитет на списанието ʺИлустрација Илинденʺ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO