Регулаторната комисија за енергетика одлучи од 1 август годинава да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за дистрибуција на потрошувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто, за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика 1,13 отсто.

Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани.

Покрај тоа РКЕ за 8,4 отсто ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа исклучените корисници од системот за топлинска енергија.

Во Бугарија пак струјата и топлината се зголемија од 1 јули.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO