Опис: Спомените на Коце Ципушев се исклучително интересни. Во нив тој раскажува за неговиот роден Радовишки крај, за семејството, за градот Солун, за борбите на ВМОРО, за различни водачи на ВМОРО, како што се Тодор Александров, Гоце Делчев, Даме Груев и др., за војните за национално обединување. Детално раскажува и за неговото апсење од Англичаните, неговото предавање на Србите, смртната пресуда од српските власти, 19-те години поминати во српските затвори, како и српскиот однос кон Македонија и македонското население. Предговорот на книгата е напишан од Симеон Радев кој е личен пријател на Коце Ципушев.

Извор: скенирана од оригинален примерок

Автор: Родениот во град Радовиш Константин Димитров Ципушев (1877-1968, Софија) е бугарски учител и истакнат револузионер на ВМОРО, кој поминал 19 години во српско заробеништво. Завршува во Бугарската машка гимназија „Свети Свети Кирил и Методиј“ во Солун. Се жени за Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров, како кум му е Гоце Делчев, а Даме Груев му е старосват. За време на Првата светска војна тој е претседател на Окружната постојана комисија на новоослободената Струмичка област. По завршувањето на војната бил уапсен од англиските окупаторски војски, предаден на српските власти, кои по жестоки измачувања го осудуваат на смрт, казна која подоцна е заменета со 20 годишна затворска казна. Тој е ослободен од затвор во 1937 година. Се враќа во Македонија по ослободувањето на областа во 1941 година, каде со радост е пречекан од локалното население. По комунистичкиот удар од 9-ти септември 1944 година Бугарската комунистичка партија, која го поддржува создавањето на нова македонска нација, му нуди на Ципушев да помага на започнатата македонизација на населението во Пиринско, но тој категорично одбива. Поради одбивањето да помогне тој е репресиран од комунистите, а неговите спомени се забранети. Починал во Софија на 11 јануари 1968 година.

За повеќе информации за авторот тука.

За да ја прочитате книгата кликнете овде.

извор: Онлајн библиотека Струмски.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO