Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најголем број последователи на Твитер, а потоа следат папата Франциско и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во годишниот извештај на „Твипломатија“ на компанијата „Барсон Кон и Вулф“.

Трамп во октомври минатата година изби на прво место и сега има 52 милиони последователи, папата 47 милиони, додека Моди на Твитер го следат 42 милиони луѓе.

Во Европа најдобро котира британската премиерка Тереза Меј со пет милиони последователи, додека твитовите на францускиот претседател ги следат три милиони луѓе.

Јорданската кралица Ранија има 10 милиони последователи и е прва помеѓу државниците и политичарите во арапските држави.

Само шест влади во светот воопшто не се застапени на Твитер – Лаос, Мавританија, Никарагва, Северна Кореја, Свазиленд и Туркменистан.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO