Дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември, соопшти портпаролката на Европска унија, Маја Коцијанчич: “На последниот состанок на дијалогот на високополитичко ниво, одржан на 18 јули, чиј домаќин беше високата претставничка, двајцата претседатели го разгледуваа постигнатиот напредок и се договорија повторно да се сретнат на почетокот од септември”, рече Коцијанчич.

На состанокот одржан на 24 јуни, Вучиќ и Тачи се договориле да ја интензивираат работата на договорот за сеопфатна нормализација на односите.

“Дијалогот со кој посредува ЕУ има за цел да ја промовира долгорочната соработка помеѓу двете страни, да помогне во напредокот на нивниот пат кон ЕУ, како и да го подобри животот на луѓето. Долгорочно решение подразбира одржливо реалистично решение засновано на меѓународното право”, рече Коцијанчич и додаде дека двете страни работат на дефинирање на заедничките позиции за меѓусебниот договор.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO