Прашајте ме дали ми се допаѓа Северна Македонија. Не. Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, но веќе постоеше согласност за сложено име што ќе го содржи терминот Македонија. Терминот со децении постоеше во преговорите и сметам дека е неетички оние кои дадоа завршени работи да се претставуваат како поддржувачи на име што нема да содржи Македонија, рече Никос Коѕијас, шефот на грчката дипломатија во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа.

Сите оние кои го критикуваат Договорот од Преспа, уште не сум ги слушнал да кажат што точно требаше да дадеме. И уште не сум ги слушнал да кажат што добивме и кој е балансот меѓу она што требаше да дадеме и она што требаше да го земеме – рече Коѕијас и додаде дека „за противниците на Договорот, компромисот е пораз“, рече уште тоj.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO