Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе оствари официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот домаќин, првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, министерот Димитров ќе биде примен и од претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и од премиерот Рамуш Харадинај.

Разговорите ќе бидат посветени на прашања од билатералните односи меѓу двете земји, како и перспекитвите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економската размена, трговијата и инфраструктурното поврзување. Исто така, ќе бидат разменети и мислења околу перспективите на состојбите во регионот и неговото интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO