Грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал со шефот на дипломатијата Никос Коѕијас за односите на Грција со Русија, соопшти грчката влада.

Тие се согласиле дека Грција секогаш силно ќе одговори кога е во прашање национален суверенитет, како и дека владата ќе продолжи со својата политика за унапредување на односите со Русија на билатерално и мултилатерално ниво.

Како што веќе Татковина соопшти, Атина протера двајца руски дипломати и го забрани влезот во земјата на уште двајца. Атина ги обвини дипломатите за мешање во внатрешни работи и поткопување на националната безбедност на Грција.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO