Соборениот јужнокорејски претседател Парк Гн Хе беше осуден на уште 8 години затвор, поради незаконско добивање на пари од разузнавачката агенција на земјата и заради изборни злосторства, изјавија од судот.

Централниот градски суд во Сеул му даде 6 години затвор на Парк по обвинение за добивање на пари од шпионска организација и уште 2 години за кривично дело поврзано со интервенција на изборите за парламент.

Парк беше соборен во почетокот на минатата година, а во април беше осуден на 24 години по обвинение за злоупотреба на службената должност.

Со оваа пресуда 66 годишниот поранешен претседател на Јужна Кореја ќе треба за остане во затвор 32 години.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO