Се навршуваат 125 години од создавањето на Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК) и 115 години од Илинденско-Преображенското востание-симболи на борбата за слобода на бугарското население од Македонија и Одринска Тракија, кое останале под ропство во Османската империја.

По тоj повод, Бугарскиот Културен Клуб-Скопје организира тржествено чествување на оваа светла дата од заедничката историја на Република Македонија и Република Бугарија.Пројавата ќе се спроведе на 21 јули 2018 година (сабота) од 17:30 часот во Смилево. Овогодинешниот слоган на чествувањето, Заедничкото минато обединува е во склад со веќе потпишаниот договор за добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Токму заедничките честувања на дати од заедничката историја на двете држави добиваат согласност и од двете страни преку потпишаниот договор.

БККС испрати покани до претседателите и премиерите на Р. Македонија и Р. Бугарија за нивно присуство на гореспоменатата манифестација. Исто така БККС испрати покани, до министрите за надворешни работи на двете земји, до координаторите на пратеничките групи во парламентите на Р. Македонија и Р. Бугарија, бугарски претставници во Европскиот парламент, до многи институции и од двете страни на границата, до потомци на славни македонски војводи и преродбеници и др. Присуството но високите гости ќе претставува придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија и за зачувување на заедничкото културно-историско наследство.

Меѓу многубројните гости, оваа година свое присуство најавија подпретседателот на Република Бугарија г-ѓа Илијана Јотова, претставници на амбасадата и конзулатот на Република Бугарија, Михаил Развигоров-внук на войводата Мише Развигоров и претседател на Бугарското здружение на родовите од Македонија, Елисавета Шапкарева-внучка на познатиот бугарски преродбеник од Охрид Кузман Шапкарев, Рајна Дрангова-внучка на потполковник Борис Дрангов и други.

БККС искрено се надева настанот ќе биде еден од првите чекори за практична реализација на договорот за добрососедство и соработка.

Оваа година чествувањето ќе протече во услови кога од десетгодишнот тунел пред Р. Македонија конечно се надзира светлина.Во година кога веќе реално се создаваат услови за осуштествување на настроенијата на мнозинството од граѓаните на нашата татковина, за полноправно членство во НАТО и започнување на преговори со ЕУ.

Осуштествувањето на овие приоритети ќе ја внесат нашата татковина во води во кои ќе бидат загарантирани нејзиниот меѓународен субјективитет, територијален интегритет, безбедност, но и просперитет на сите нејзини граѓани споделувајќи ги вредностите на големото европско семејство.

Нема посимболично место од Смилево за да ја започнеме справедливата битка за слободна и демократска Македонија, држава која што мора да ја чувствуваат подеднакво за своја татковина сите нејзини граѓани независно од нивната етничка припадност. Од местото каде што нашите достојни и храбри предци земаа решение да се дигнат против една империја по цената и на своите животи, 115 години покасно, БККС уште еднаш ќе ги декларира пред македонското општество своите видувања за актуелните национални приоритети на нашата татковина- Македонија во ЕУ и НАТО-сега!

Интересот меѓу граѓаните на Р. Македонија да присуствуваат на одбележувањето е огромен и се очекуваат гости, членови и симпатизери на БККС од Скопје. Струмица. Гевгелија, Богданци, Валандово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Тетово, Велес и од други населени места.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO