Суштината на спорот за името секогаш се сведувал, не до определување на тоа до каде е ʺМакедонијаʺ. За географските граници на областа прецизирани од карта издадена од Македонскиот научен институт во Софија во  текот 20-ите години од 20 век, изненадувачки постои речиси целосен консензус. Суштината на спорот е за интерпретациите на терминот „Македонци“ и „македонски“.

Имињата на повеќето држави на Балканот произлегуваат од името на соодветниот народ.. Бугарија е земјата на Бугарите, Грција – земјата на Грците, Турција –на Турците, Србија (од 1995 година и Српска) на Србите …

Сите овие идентитети постоеле пред појавата на нивните современи држави. Нивните граници се дефинирани повеќе или помалку произволно – по многу војни. Имало крвави спорови околу тоа каде завршува една „земја“ и каде започнува друга. За време на војните во 1990-тите, српските националисти пишуваа на ѕидовите на сите територии за кои претендираа „Ово jе Србија“.

На Балканот постои еден голем, неспорен исклучок. Никој не тврди дека Црна Гора е крстена по Црногорците. Името на Црногорците доаѓа од онаа на земјата. Но, границите на земјата наречена Црна Гора исто така се сменувале многукратно. Од 1913 до 1919, Пеќ бил во Црна Гора…

Моделот „земја крстена согласно етничка припадност“, околу кој се гради национална самосвест, не е универзален. Во светот „црногорскиот“ модел е почесто среќаван. Имињата на Америка, Русија и Кина потекнуваат од имињата на историски личности, Бразил е крстен на дрво, а Австралија буквално значи „Јужна земја“ на латински. Постојат и „хибридни“ модели. Името Англија потекнува од племето англи и името Франција од Франките, но современите Англичани и Французи го базираат својот идентитет на историјата на нивните земји, не на племињата, на кои тие некогаш биле крстени. Франките, на пример, биле германско племе, но Французите се „романски“ народ. Во некоја степен истото важи и за Бугарите кои во средните векови формираат „словенски“ народ во држава крстена на „пра-бугарите“. Но за време на преродбата во 19 век е јасно кои се Бугарите, без да е јасно до каде стигнува „Бугарија“.

Суштината на споровите кои Република Македонија ги водеше со соседните земји се корени околу спорот дали името Македонија потекнува од тоа на Македонците (такви какви се чувствуваат мнозинството од граѓаните на Република Македонија), или напротив – денешните Македонци го прифатиле името на територијата која се нарекувала така долго пред нивното формирање како етнос.

Ако при прогласувањето на независноста Македонците беа изјавиле јасно и гласно дека се „млад“ народ, коj зел едно многу постаро име на земјата на која живее, сите спорови со сите соседи одамна ќe бeа решени и до „спор за името“ со голема веројатност немаше да дојде. Но ако современите Македонци тврдат дека го дале името на земјата – како што е кај повеќето од останатите балкански држави – споровите само ќе се ожесточат.

Проблемот е дека според југословенската историографија, уште во утробата на Отоманската империја, така како што имало Срби, Бугари и Грци, имало и Македонци. Тие имале своj jазик, свое национално-ослободително движење и во 1944 година формирале сопствена држава. Како и кај повеќето други народи, така создадената држава не го опфаќала целиот народ и затоа во околните земји имало македонски малцинства. Она што за повеќето современи Македонци е тешко да го прифатат е дека во наметнувањето на оваа историографија во училиштата и во неколку децениското прогонување на алтернативниот расказ всушност се корени формирањето на современиот македонски идентитет.

Алтернативниот историски расказ гласи дека во рамките на Османлиската империја постоела област наречена Македонија, која била населена со Бугари, Грци, Турци, Власи и.т.н. кои, покрај како претставници на нивниот народ, се определувале како македонци, македонас, македонлар и.т.н.

Спорот за името се усложнува од фактот дека името Македонија е поврзано со тоа на античките Македонци. Меѓу историчарите нема консензус дали тие биле „Грци“ кои го прифатиле името на земјата (кое имало грчка етимологија), или пак биле различно, најверојатно келтско племе, кое го дало името на земјата. Тоа за кое историската наука е категорична е тоа дека во 4 век п.н.е., македонскиот цар Александар III ја шири хеленската култура на Блискиот Исток. Науката докажала и дека за подолг период, во Средните векови името Македонија не било користено за овие земји и нема информации некој нивен жител да се определувал како Македонец.

Ова нè доведува до срцето на историскиот спор. Дали враќањето на името Македонија за регионот за време на Отоманската империја произлегува од името на постоечка етничка група – ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, а Македонци кои имале свој јазик и подоцна свое ослободително движење. Или токму спротивното. Дека дел од населението на областа Македонија по нејзината поделба во 1913, најмногу меѓу македонските Бугари (но и дел од Власите) го прифатиле идентитетот Македонци. Ако е така, тогаш е сосема легитимно да има и „македонес“ Грци и Македонци – Бугари.

Токму тоа ем го призна, ем се обиде да не го признае националниот координатор на Македонија за НАТО Стево Пендаровски во емисијата „Само вистина“ од 17.07.2018.

Тој призна дека договорот со Грција, води сметка и за „нивните национални интереси, а не само за нашите“. Грците добиле гаранции дека хеленското наследство е во грчките граници и дека јазикот и културата на Македонија немаат врска со него. Пендаровски призна дека македонската историографија, која не се променила многу од времето на комунизмот, не ги учела дека во северна Грција има и луѓе кои се определувале како Македонци, но не оние кои биле „Славофони“. Со Договорот се признавало дека дел од Грците исто така биле Македонци (поточно „македонес“)

Пендаровски раскажа за неформалниот разговор на поранешниот македонски претседател Црвенковски со грчкиот премиер Караманлис, кој изјавил дека не го оспорува правото Црвенковски да се определува како Македонец, но настојувал дека и тој е Македонец. А очигледно не станува збор за еден и ист идентитет, за една и иста култура, за еден и ист јазик. Потоа Пендаровски раскажува за разговор на претседателот Црвенковски со бугарскиот претседател Прванов, кој му рекол дека неговата сопруга Зорка исто така е Македонка. Пендраровски не се обидува да сугерира дека Зорка Прванова, штом е Македонка, значи не е бугарка, а е дел од некакво малцинство. Но, не се обиде да објасни дали нејзината култура има различни корени од онаа на Црвенсковски. И ете, Пендаровски го направи и следниот чекор. Ја отвори темата за која во Македонија никогаш (читај од 1944), не било разговарано, или само во „пежоративен контекст“. А токму темата за македонските Бугари.

И како да ја открива Америка, тој и изјави на новинарката: „Вие и јас познаваме луѓе кои живеат во овој град, во оваа држава и се чувствуваат така“. Но Пендаровски не го постави логичното прашање – дали припаѓаат на друга култура? Дали зборуваат друг јазик? Дали тие се „малцинство“? Веројатно разбира дека одговорот е не.

Така Пендаровски достигна до две признанија. Едното – „Ние не сме единствените Македонци“, тој го рече јасно. Другото – дека разликата меѓу Македонците (како него) и македонските Бугари не е етничка, туку схоластична, тој го премолчи. Но, секој слушател можеше да достигне до овој логичен заклучок.

И покрај тоа што го осуди „пежоративниот“ став на македонската држава кон македонските Бугари, тој самиот демонстрираше пежоративен став. Немало да прават ДНК-анализа. Секој можел да се чувствува како што ќе посакал.

Народите навистина се потпираат на чувство, не на крвни врски. Но, тоа чувство се пренесува од генерација на генерација преку раскази. Кога пред 30-тина години, расказот за Словените кои дошле од Карпатите и станале Македонци се скрши, во нивната неподготвеност да ги признаат бугарските корени, многу Македонци се фатија за античката историја. Сега, со меѓународен договор, државата се откажа од таа манипулација.

Гневот на многу Македонци против договорите со Грција и со Бугарија е вкоренет во нивната неподготвеност да признаат да легитимираат друг расказ освен оној дека низ вековите имало Македонци чиј јазик и култура биле различни од бугарските. А Бугарите како и другите соседи се обидувале да ги завладеат и асимилираат …

Штом има Македонци – Грци, кои се културно различни, и Македонци – Бугари, вклучително и во овој град, во оваа држава, кои се културно еднакви, како Македонците станале Македонци и што значи да си Македонец?

Историографијата од времето на Југославија не дава одговори и предизвикува конфликти. Стево Пендаровски се обиде да лавира меѓу разумот и чувствата, но овој негов расказ тешко може да предизвика емоции. Тој збунува.

Не е доволно да се обвинува македонската историографија за тоа дека е нецелосна и не се променила многу од времето на комунизмот. Југословенската историографија треба да биде опетнена како целосно фалшлива и манипулативна. Колку и болно да е тоа! Кога Македонците ќе и се лутат на неа, тогаш сè ќе дојде на место.

––––––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO