Бугарскиот патријарх Неофит се надева со Божја помош да се поддржи процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, кој тоа го опиша како един „добр потфат“.

„Ние ќе се молиме на Бог да ни биде помошник во ова добро деjствие! Ги сакаме македонските браќа и со нив ќе бидеме радосни и среќни! За многу години!“, рече бугарскиот патријарх Неофит, одговарајќи на прашање како ќе и потпомогнеме Вселенската патријаршија во решавањето на прашањето со автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Патријарх Неофит учествуваше во свечената литургија по повод празникот на Света Марина, кој се одржа во истоимениот храм кој се наоѓа во дворот на Софиската митрополија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO