Американскиот претседател Доналд Трамп и ја честиташе на француската репрезентација титулата светски шампион во фудбал, оценувајќи дека Французите играле „исклучителен фудбал“.

„И честитам на Франција која играше извонреден фудбал и победи на Светското првенство 2018 година“, наведе Трамп на твитер, неколку минути по завршувањето на натпреварот во Москва меѓу Франција и Хрватска која заврши со 4 спрема 2 за Франција.

Трамп му честиташе и на рускиот претседател Владимир Путин за организацијата на Светскиот куп. „Им честитам на претседателот Путин и на Русија за организацијата на Светското првенство кое беше едно од најдобрите“, напиша тој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO