Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп на неговите забелешки дека Европската унија е „непријател“.

„Европејците и Американците се поврзани со историја и со нивните заеднички вредности. Европејците никогаш нема да се откажат од Америка, бидејќи Америка никогаш не се откажала од нас. Затоа се пријателите“, напиша Тимерманс на твитер. Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск исто така на твитер порача: „Америка и ЕУ се најдобри пријатели. Кој вели дека сме непријатели шири лажни вести“. Трамп деновиве изјави дека ЕУ е непријател, бидејќи лошо се однесува со САД во трговијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO