Високи претставници на Кина и на Европската унија се состануваат денеска во Пекинг на разговори како да го олеснат меѓусебниот пристап на нивните пазари. Премиерот Ли Киџијанг им е домаќин на пртетседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Доналд Туск и Жан Клод Јункер на 20 самит меѓу двете страни.

Се очекува тие да изразат поддршка на заложбите за мултирален трговски систем. Експертите сметаат дека Кина најверојатно ќе се обиде да етаблира некаков вид на антиамерикански сојуз што Пекинг би можело да искористи како контрабаланс спрема Соединетите држави по царините што ги воведе претседателот Доналд Трамп.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO