Министерот за одбраната на САД, Џеjмс Матис, изјави дека дејноста на Русија во Југоисточна Европа има дестабилизирачки карактер.

„Дејностите на Русија во Југоисточна Европа се дестабилизирачки фактор. Тие (Русите) ја поткопуваат демократската структура на земјите (од овој регион) преку ширење на лажни информации, економски мерки и вмешување“, рече Матис во разговор со новинарите на пат од Хрватска за Норвешка, соопшти прес-службата на Пентагон.

Во Загреб Матис се состана со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба. Иницијативата беше основана во 2003 година од страна на Албанија, Македонија и Хрватска, за да се олесни влезот на овие земји во НАТО. Црна Гора и Босна и Херцеговина се приклучија на Пактот во 2008 година.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO