„Сега чекаме да видиме дали соседната земја, владата на Скопје, ќе успее да ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа и посакуваме, јас лично посакувам да успее затоа што е историска интервенција што ги решава долгогодишни проблеми во нашата надворешна политика, а кога ќе успее, во некој момент во јануари, февруари, тогаш ќе разговараме со коалицискиот партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, онака како што се предвидени обврските од самиот Договор“, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Брисел по НАТО самитот.

За поканата за членство на Македонија во НАТО, грчкиот премиер рече дека е „историски ден бидејќи конечно, по цели 10 години се спроведува фамозната одлука од Букурешт“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO