Почнува скрининг процесот на Албанија, како прв чекор кон отворање на пристапните преговори меѓу Тирана и ЕУ во јуни 2019 година, објави денеска еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Брисел, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

„Тимовите на Европската унија веднаш почнуваат со работа за да гарантираат целосна анализа на ситуацијата“, изјави Хан.

Тој следната недела треба да отпатува во Тирана зада се запознае со спроведувањето на реформите што Европската унија ги бара од Албанија, објави АП.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO