Официјална Атина и даде рок на Русија до денеска да ги повлече двајцата дипломати од Грција кои се под сомневање дека се обиделе да го поткопаат договорот за името меѓу Македонија и Грција. Засега се уште не е познато дали тие, како и двајца други руски дипломати на кои им е забранет влез во Грција, го сториле тоа. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека соодветно ќе одговори на протерувањето на дипломатите.

Неименуван руски дипломат ги оцени како бесмислени обвинувањата дека руските дипломати биле инволвирани во поткопувањето на поддршката на грчката јавност за договорот со Македонија. Како што јавува руската новинска агенција Интерфакс, тој ја ставил под прашалник и претстојната посета на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Грција.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO