Околу 20 насто од децата во Северна Кореја се неухранети, а половина од децата во руралните области пијат небезбедна вода, предупреди претставникот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Марк Лоукок кој престојува во посета на таа земја.

ОН се обидуваат да соберат околу 110 милиони долари потребни за задоволување на потребите на околу 6 милиони севернокорејци за здравствени услуги, вода и храна. Досега се собрани само 10 насто од тој износ, благодарение на донациите на Шведска, Швајцарија и Канада, наведе Лоукок.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO