Нацрт-извештајот на Европскиот Парламент за Македонија дава полна поддршка за почетокот на преговорите со ЕУ во јуни 2019. За извештајот ЕП ќе гласа во ноември.

„ЕП целосно ја поддржува препораката на Европската Комисија и одлуката на Советот да се одреди јуни 2019 како датум за старт на преговори како признание за охрабрувачките реформски напори, смета дека брзо отворање на скрининг процесот и на пристапните преговори ќе го оддржи и продлабочи реформскиот момент, смета дека отворањето на преговорите би донело дополнителен поттик за демократизација, и би ги зајакнало надзорот и отчетноста“, стои во нацрт-извештајот на Европскиот Парламент за Македонија.

Извештајот, кој го пишуваше известувачот за Македонија Иво Вајгл, ги поздравува договорите за добрососедство со Грција и Бугарија, и ги повикува властите должно да ги информираат своите граѓани за содржината и импликациите на договорот со Грција, како и совесно да ги исполнат сите внатрешни процедури за ратификација и имплементација на договорот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO