Eдна од причините зашто е важен почетокот на преговорите со Македонија е тоа што се и тест за кредибилитетот на Европската Унија, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Ние сме фанови на холандската стриктност и правичност, сакаме да го започнеме пристапниот процес токму затоа што е реформска алатка, сакаме да го направиме ова на начин што ќе го тестира кредибилитетот на сите земји членки. Станува сѐ појасно дека ако Македонија не е една од земјите со пристапни преговори, тогаш има премногу преправање, а не доволно објективна проценка во нашиот регион“, изјави Димитров на новинарско прашање како Владата може да се осигура дека идната година земји како Франција и Холандија нема повторно да го блокираат стартот на преговорите со Македонија во ЕУ.

Македонија сака да се фокусира на домашните реформи: „Ако порано беше автопат, сега патот е тесен и нагорен“, рече уште Димитров.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO