Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека дебатата за референдумот, датумот на негово одржување, неговиот карактер и референдумското прашање, како и за формирањето на ДИК ќе почне кон крајот на месецов.

„Прво треба да се запази моментот на составувањето на ДИК. Составувањето на ДИК нема, ниту треба да има каква било поврзаност со одржување на референдумот. Тоа е логично прашање кое дојде по оставките на членовите на ДИК“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот за државна помош со претставници на американската компанија Теламон Европа ДООЕЛ Скопје.

Тој рече дека со опозицијата е договорено таа да го има претседателското место во ДИК, а партиите од владејачкото мнозинство да имаат четири члена. Заев рече дека се надева на брзо формирање на ДИК за да нема блокирање на претстојниот референдум.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO