Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис по самитот на НАТО во Брисел ќе ја посети Хрватска, каде што ќе учествува на средбата на министрите за одбрана на членките на Јадранската повелба во која влегуваат и Македонија, Албанија, Босна и Црна Гора.

Јадранската повелба беше формирана во 2003 година со цел да го поттикнува проширувањето на НАТО на Балканот. Освен членките, Србија и Словенија се поканети како набљудувачи. Од формирањето на повелбата, Хрватска, Албанија и Црна Гора станаа членките на НАТО.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO