Косовскиот претседател Хашим Тачи формираше преговарачки тим за дијалогот со Србија, во кој нема претставници на опозицијата, објави „Коха диторе“. Според претседателскиот кабинет, пишува „Коха Диторе“, тимот е веќе конституиран, затоа што наредната средба со српската страна во Брисел треба да се одржи пред да започнат летните одмори за институциите на Европската унија, односно во текот на овој месец.

„Република Косово го има својот преговарачки тим, кој е сосема функционален и е предводен од претеседателот“, вели за весникот главниот советник на Тачи, Беким Чолаку.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO