Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го потпиша и му го предаде писмото на премиерот Зоран Заев во кое и официјално го информира за одлуката на Алијансата на Македонија да и се додели покана за членство. На заедничката прес-конференција во Брисел, Столтенберг изјави дека со таквата одлука НАТО покажало оти вратата за членство останува отворена.

„Договорот за името ги отстрани пречките за отворање на пристапните преговори. Остваривте клучен напредок со кој се отвори патот за вашата земја да стане полноправна членка на НАТО. Сега ќе започнат деталните пристапни преговори кои ќе и помогнат на вашата земја да ги направи последните подготовки за целосно членство“, рече Столтенберг.

Заев порача дека е горд и благодарен на одлуката за пристап за полноправно членство на Македонија во Алијансат: „Ова е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани и признание за сите кои биле вклучени во остварување на членството на Македонија во НАТО4, рече тоj.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO