НАТО лидерите ветија „непоколеблива заложба“ да ги исполнат целите во трошоците за одбраната и ја критикуваа Русија за нејзините активности кои претставуваат закана за безбедноста во Европа и светот.

Во официјалното соопштение од самитот во Брисел, лидерите и изразија поддршка на Британија во нејзините заклучоци дека Русија стоела зад труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Скрипал и ќерка му. Во соопштението се потврдува Членот 5 од Повелбата на Алијансата со кој се предвидува дека напад врз една земја членка претставува напад врз сите земји членки на НАТО.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO