Асот на Хрватска Лука Модриќ е радосен што заедно со своите соиграчи го казнил самоуверениот тим на Англија. „Коцкестите“ ги победија „трите лавови“ со 2: 1 по дополнителното време. Пред почетокот на овој натпреварот многу експерти беа убедени дека Хрватите нема да имаат сили по два последователни натпревари, во кои играа по 120 минути.

Тимот, сепак, не само што издржа, туку и постигна победоносен гол во дополнителното време.

„Англиските новинари,нивните експерти – сите тие ја подценија Хрватска и тоа се покажа огромна грешка. Тие мислеа дека нема да имаме сили, а требаше да покажат поголема почит кон противникот. Ние требаше да го решиме исходот на натпреварот уште во регуларното време и да не одиме на екстра време. Доминиравме во двобојот и физички и психички „, изјави Модриќ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO